јуни 20, 2025

Крводарителска акција во организација на ЈП – Водовод

На ден 19.06.2025 година (четврток) Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција, организирана од страна на ЈП – Водовод Куманово.

Акцијата се одржа во просториите на претпријатието и траеше од 08:30 до 13:30 часот.

Дел од оваа хуманитарна иницијатива беа 31 крводарители кои ја покажаа својата хуманост и солидарност.

< врати се назад