декември 12, 2025

Крводарителска акција во Општина Старо Нагоричане

На ден 12.12.2025 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организираше крводарителска акција во Општина Старо Нагоричане.

Благодарение на хуманоста на дарителите, беа собрани 26 крвни единици.

Голема благодарност до сите крводарители и до Општина Старо Нагоричане за поддршката и успешната соработка.

< врати се назад