декември 29, 2025

Крводарителска акција во Општина Липково

На ден 29.12.2025 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организираше крводарителска акција во Општина Липково, во СОУ “Исмет Јашари”.

Благодарение на хуманоста и одѕивот на граѓаните, беа реализирани 22 крводарувања, со што беше даден значаен придонес во обезбедување на крвни резерви.

Голема благодарност до сите крводарители и до Општина Липково за поддршката и успешната соработка.

< врати се назад