
декември 22, 2025
Крводарителска акција во „Карго Солутион“
На ден 22.12.2025 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организираше крводарителска акција во компанијата „Карго Солутион“.
Вработените ја покажаа својата хуманост и општествена одговорност, при што беа реализирани 20 крводарувања.
Голема благодарност до сите крводарители и до „Карго Солутион“ за поддршката и успешната соработка.











































