
декември 16, 2025
Крводарителска акција во ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ Куманово
На ден 16.12.2025 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организираше крводарителска акција во ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ Куманово.
Својата хуманост ја покажаа 20 крводарители, со што дадоа значаен придонес во обезбедување крв за оние на кои им е најпотребна.
Голема благодарност до сите дарители и до училиштето за поддршката и успешната соработка.











































