
октомври 1, 2025
Крводарителска акција со Риболовното здружение „МАК-ДАМ“ Куманово
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Риболовното здружение „МАК-ДАМ“, на ден 30.09.2025 година во период од 10:00 до 15:00 часот, организираше крводарителска акција.
Акцијата се одржа во просториите на Црвен крст Куманово, каде членовите на здружението уште еднаш ја покажаа својата хуманост
Благодарение на нивниот несебичен гест, беа собрани 22 единици крв, кои ќе спасат многу животи.
Голема благодарност до сите кои даруваа и ја поддржаа оваа акција!











































