октомври 1, 2025

Крводарителска акција во АРМ Куманово

На ден 01.10.2025 (среда), Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, заедно со Институтот за трансфузиона медицина, организираше крводарителска акција во касарната „Боро Менков“ во соработка со АРМ Куманово.

Акцијата траеше од 09:00 до 15:00 часот, а својата хуманост ја покажаа вкупно 51 крводарители .

Голема благодарност до сите кои даруваа и придонесоа за спасување животи!

< врати се назад