
февруари 12, 2025
Kрводарителска акција со АРМ Kуманово
На ден 12.02.2025 (среда) Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција која се одржа во касарната „Боро Менков“ во соработка со АРМ Куманово.
Акцијата траеше од 09 -14 часот, а својата хуманост на дело ја покажаа 51 крводарители.


