
јуни 14, 2025
Крводарителска акција по повод 14 јуни – Светски ден на крводарителство
На ден 13.06.2025 година (петок) Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција, организирана од страна на Општинска организација ,,ЗНАМ-За наша Македонија” – Куманово . Акцијата се одржа во просториите на Комитет Куманово и траеше од 10:00 до 15:00 часот.
Дел од оваа хуманитарна иницијатива беа 34 крводарители кои ја покажаа својата хуманост и солидарност.




