
февруари 21, 2025
Крводарителска акција – Коледарски клуб Куманово
Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово во соработка со Коледарски клуб Куманово и Институт за Трансфузиона медицина на ден 20.02.2025 (четврток) од 09 – 14 часот организираше крводарителска акција.
Акцијата беше спроведена во просториите на Коледарскиот клуб. Граѓаните уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и притоа беа собрани 41 крвни единици.



