ноември 12, 2020
Крводарителска акција во ОСТУ “Наце Буѓони” и ССОУ “Киро Бурназ”
На ден 12.11.2020 (четврток) Црвен крст на РСМ- општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина во Центарот за култура “Трајко Прокопиев” спроведе крводарителска акција со учениците од четврта година од ОСТУ “Наце Буѓони” и ССОУ “Киро Бурназ”. За време на акцијата која траеше од 09-14 часот беа испочитувани здравствените протоколи со цел превенција од КОВИД-19, а својата хуманост на дело ја покажаа 15 ученици кои покажаа дека хуманоста и алтруизмот се посилни од пандемијата.