март 31, 2023
Крводарителска акција во ОСТУ „Наце Буѓони“
На ден 30.03.2023 година, од 08:30 – 13:00 часот Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со Институтот за Трансфузиона Медицина организираше крводарителска акција за учениците и вработените од ОСТУ „Наце Буѓони“. Акцијата беше успешно реализирана, а својата хуманост на дело ја покажаа 44 крводарители.