
Крај на успешна учебна година – Неформална дружба на Клубот на млади
На ден 26.07.2025 година на Спомен костурница беше организирана неформална дружба за волонтерите од Клубот на млади со цел одбележување на крајот на уште една успешно реализирана учебна и волонтерска година. Во пријатна и опуштена атмосфера, младите волонтери споделуваа спомени од заедничките активности , се потсетија на забавни и емотивни моменти од теренот, играа игри кои им ги разбудија детските спомени и уште еднаш ја зацврстија врската која ги обединува во духот на волонтерството.
Особено внимание и благодарност беа упатени кон нашите волонтери – матуранти: Ален Милковски, Адем Левич и Илина Станковиќ, на кои им беше доделен скромен подарок во знак на благодарност за нивниот континуиран ангажман, труд и посветеност низ годините. Црвен крст Куманово им посакува многу успех и среќа на нивниот понатамошен пат, во образованието и во животот, со надеж дека волонтерскиот дух ќе ги води и понатаму каде и да се наоѓаат.




