февруари 1, 2023
Конкурс за обука на Личен асистент на лица со попреченост
Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во период од 01.02.2023 до 10.02.2023 година.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се државјани на Република Северна Македонија.
- Да се на возраст од 18 до 65 години.
- Да се невработени лица.
- Да имаат завршено минимум средно образование.
- Да имаат општа психо-физичка способност за работа.
- Да бидат мотивирани за работа со лица со попреченост.
Напомена: Обука за Личен асистент на лица со попреченост е сертифицирана.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на тел: 031 424 179 и на е-маил: kumanovo@redcross.org.mk
Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.