Информативен караван за вакцинација
На ден 19.10.2022 година, волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово се приклучија на Караванот за вакцинација под мотото “Заштитени заедно, вакцините делуваат” организиран од страна на Министерството за здравство во соработка со СЗО. Истиот имаше за цел да пренесе информации за сите редовни вакцини за деца, вакцини против сезонски грип како и за Ковид 19 со што на лице место граѓаните имаа можност да се вакцинираат.
Караванот започна во 10 часот на Градскиот Плоштад во Куманово при што нашите волонтери обезбедуваа административнo-логистичка поддршка на населението во процесот на имунизација, поддршка за пополнување на изјави за согласност за вакцинирање како и во непосредна промоција на караванот во заедницата. На почетокот на караванот се спроведе теренска посета од Министерот за здравство како и претставници од УСАИД, СЗО и УНИЦЕФ.
Караванот продолжи во текот на денот и тоа во 12.30 часот во с. Черкези и во 15 часот во Општина Старо Нагоричане.