август 6, 2024

Интернационална недела на млади

На ден 06.08.2024 година, волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со Општинскиот младински центар и Извидничкиот одред ,,Скаут“ ја обележавме Интернационалната недела на млади во „Соколнаски парк“. Денот го наменивме за младински вештини, каде нашите волонтери изведоа показна вежба по прва помош, и ги презентираа останатите вештини кои можат да се здобијат со волонтирање во Општинската организација на Црвен крст Куманово.

< врати се назад