Информации за болести

ДРОГИ

Дрога е секоја супстанца од растително или синтетско потекло, која кога ќе се внесе во организмот, може да промени една или повеќе негови функции, а ако нејзината примена се повтори, може да доведе до создавање на психичка и физичка зависност.

Марихуана :

MarijuanaMadnessМарихуаната и нејзината активна состојка тетрахидроканабинол (ТНС) е најчесто злоупотребуваната илегална супстанца во светот. Се консумира преку пушење на исушени цветови од билката Cannabis sativa/indica, се пие како чај или се приготвуваат колачиња. Ја има во течна состојба како екстрахиран и прочистен ТНС. Широко е распространета низ популацијата, а уживателите се од сите возрасти. Ефектите започнуваат по неколку минути по консумирањето и траат до неколку часа.

Кои се моментални последици од злоупотреба на марихуаната ?

  • Поспаност и чувство на глад
  • Отежната ориентација со времето, губење на паметење
  • Намалена способност за вршење на работни задачи за кои се потребни концентрација и координација (пр. возење на автомобил)
  • Забрзана работа на срцето
  • Потенцијална опасност од срцев удар за оние лица со слабо срце
  • Закрвавени очи
  • Сува уста и грло
  • Параноја, халуцинација.

Кои се трајни последици од злоупотреба на марихуаната ?

  • Зголемен ризик од канцерогени заболувања
  • Намалено ниво на тестостерон кај мажите
  • Зголемено ниво на тестостерон кај жените
  • Намалено производство на сперма и потешкотии за добивање на потомство
  • Зголемен ризик од стерелитет кај жените
  • Намалено или губиток на сексуално задоволство
  • Психичка зависност и неопходност од земање на се поголеми количини на дрога за да би се постигнал истот ефект

Хероин :

Хероинот е опојна дрога која се добива од морфиумот, кој пак се добива o-NORWAY-HEROIN-facebookод афионот. Тој е бело-жолтеникава прашкаста супстанца која се консумира преку инјектирање, шмркање и пушење. Познат е по уличните имиња хорс, катран, сканк, џанк и др. Хероинот убедливо над сите други наркотични средства предизвикува најголема зависност. Краткорочното чувство на огромна еуфорија и благосостојба при првото консумирање доведува до брза толеранција и залудно трагање по првото чувство со зголемување на секоја наредна доза, што евентуално води до предозирање и смрт. Хроничните компликации се констипација (запек) и абдоминални грчеви кои се толку изразени што само со нова доза можат да се смират. Зависниците од хероин се во многу незавидна состојба и се оние на кои им е најмногу потребна медицинска нега. Апстиненцијалните кризи се драматични за овие пациенти и секогаш бараат хоспитализација. Треба да се напомене дека ризикот од HIV сида, хепатит Б и др. крвно преносливи инфективни болести е многукратно зголемен кај корисниците на хероин.

Кокаин :

135924-424x283-CocaineКокаинот се добива од билката Erythroxylum coca, а консумиран е уште од дамнешни времиња од народите во Јужна Америка. Тој е моќен стимулатор на централниот нервен систем, а се консумира преку шмркање, пушење или инјектирање. Крекот (crack) е кристална форма на кокаин кој се консумира преку пушење. Уличните имиња се познати како бело, снег, кока и др. Ефектите при консумирањето чист кокаин траат од 30 минути до 1 час. Зголемената еуфорија и енергичност, како и изливот на идеи и зборување ја прават оваа дрога уникатна. Но, покачениот крвен притисок, зголемената срцева работа, стомачните грчеви, како и гадењето се несаканите ефекти. Предозирањето може да биде опасно и да доведе до состојба на застанување на срцевата работа или cardiac arrest. Хроничното консумирање доведува до атрофија на слузокожата од носната празнина, зголемен ризик за мозочни изливи, зголемен ризик за инфаркт, нарушен сон пратен со дневна летаргија, болки во градите, отежнато дишење и хемоптизи (искашлување на крв).

Инхаланти :

Ова се испарувачки течни супстанци кои се вдишуваат и имаат т.н. заматувачко дејство. Краткотраен ефект на седација и откачување. Тоа се лепакот, разредувачите, ацетонот и др. На улица познат е снаперот или познатиот поперс. Ефектите се многу брзи и наликуваат на интоксикација со алкохол. Ако се претера, може да се предизвика губење на сензациите и бесвесност, но исто така и неповратни оштетувања на слухот и видот. Други несакани ефекти се мускулните грчеви, оштетувањата на мозочното ткиво како и на коскената срцевина. Високи дози можат да доведат до слична состојба на миокардит како од алкохол или едноставно до угушување. На нашите простори најчести уживатели се децата од 10-14 годишна возраст.

Клаберски дроги :

Во оваа т.н. група на наркотични средства спаѓаат екстазите (MDMA), MDMA-300x293метамфетамините, кетаминот, GHB и др. Сите се синтетизирани во лабораторија. Најчесто се консумираат од страна на младите тинејџери или адолесценти за време на концертите, по ноќните барови или едноставно на журка. Кетаминот во високи дози предизвикува делириум и амнезија, а GHB ако се меша со алкохол може да биде летална. Ефектот на MDMA е субјективен, најчести се чувствата на внатрешен мир, зголемена емпатија, топење внатре во себе, изразена желба за искажување љубов, зголемена самодоверба, зголемена контрола, енергија, будност која може да премине и во долготрајна инсомија. Но колку да звучат примамливо овие дроги, имаат голем број на несакани ефекти, како акутни така и хронични. Од акутните ќе ги издвоиме брзите покачувања на крвниот притисок, главоболките, вознемиреноста и паранојата, губењето контрола за рамнотежа и вкочанетост на вилиците или тризмус. Дехидрацијата е посебно загрижувачка бидејќи може да доведе до колабирање, шок, дури и смрт. Скоро 80 % од оние лица кои хронично уживале во екстази имаат висок степен на депресија, генерализирана анксиозност и до 30 % намалена способност за расудување и меморија со зголемено ниво на самоубиства.

Метамфетамин :

Crystal_MethМетамфетаминот е многу адиктивна супстанца која е слична на амфетамините. Таа е токсична за рецепторите на допамин во централниот нервен систем, има бела боја и е во прашкаста или табеларна форма. Се консумира преку шмркање, како пилула, со инјектирање или пушење. Токсичноста врз нервните завршетоци е неповратна и со тек на времето води до трајни нарушувања на расположението, конфузни состојби и состојби на анксиозност и депресија. Токсичноста предизвикува и т.н. амфетаминска психоза која наликува на шизофренија, зголемен ризик за Паркинсонова болест, срцеви заболувања и зголемено ниво на самоубиства.

НИКОТИЗАM

Според СЗО, тутунот е единствен најголем причинител на смрт која може да се превенира во светот. Во 2008 година во светот имало 5,4 милиони смртни случаи поврзани со употребата на тутун.

Пушењето цигари е главен фактор за појава на срцев и мозочен удар, хронична обструктивна болест на белите дробови, емфизем и рак (на бели дробови, гласни жици, уста, панкреас).

 

Историјат

Во Америка – Мексико, тутунот се одгледувал од 1400-1000 ПНЕ. Се пушел во луле (на мирот) при церемонии.

Што содржи чадот од цигарата?

smoking-contentsЧадот од цигарата содржи илјадници хемиски материи, од кои само за 50-тина се смета дека предизвикуваат рак. Има присуство на бензпирен, формалдехид, кадмиум, никел, арсен, нитрозамин, феноли, бета-карболин алкалоид кој ја инхибира моноамине оксидазата.

Зошто катранот и никотинот се толку многу опасни?

Катранот е комплекс на мешавина од хемикалии, од кои многумина предизвикуваат рак. Тоа е кафеава леплива материја која се задржува во белите дробови. Хемикалиите од катранот се апсорбираат значително, предизвикувајќи надразба и оштетување. Штетните гасови, како јаглеродниот моноксид исто така е застапен.

НИКОТИНОТ е силна дрога која го стимулира нервниот систем, ја забрзува работата на срцето и крвниот притисок, а предизвикува и зависност. Се акомулира во телото за време на денот, а го има и во текот на ноќта.

Како чадот од цигарата делува на човековиот организам?

На бронхиите (во белите дробови): кашлица (симптоми: долготрајно кашлање, наутро темен искашлок).

285x285_COPD-vs-Emphysema--Is-There-a-Difference_2На белите дробови: Со зголемувањето на бројот на испушени цигари се зголемува опасноста за појава на рак на белите дробови. Ако се пуши по 20 цигари на ден во текот на 20 години, шансата за добивање на рак на белите дробови е 1:14 или 1:10 кај оние што пушат по 30 цигари дневно во текот на 20 години (во димот од цигарата се ослободува бензпирен, нитрозамин и други канцерогени материи).

На горните дишни патишта: Постои зголемена опасност од појава на рак на усните, јазикот, усната празнина, грлото и хранопроводникот, поради присуството на материи кои се содржани во катранот.

На срцето и крвотокот: Кај лица кои пушат над 20 цигари на ден во текот на 20 години, 3 пати е поголема шансата за добивање на срцев инфаркт.

На мозокот: Постои опасност од хронично (долготрајно) труење со јаглероден моноксид со зафаќање на сите функции на мозокот, особено моќта на запазување, што е особено значајно за пушачите-возачи. Исто така, поради промени во крвните садови на мозокот, може да дојде до појава на мозочен удар (шлог).

На екстремитетите, особено на нозете: стеснување на крвните садови доведува до јаки болки особено во нозете, во потешки случаи води до запушување на крвните садови и до изумирање на ткивата.

На другите органи: Ракот на желудникот, хранопроводникот, панкреасот, бубрезите и мочниот меур многу почесто се јавува кај пушачи, отколку кај непушачи.

На кожата: Кожата побрзо старее, почесто се јавуваат бори кај пушачите. Сиво-жолта кожа е израз на дејство на никотинот врз крвните садови на кожата.

Врз сексуалниот живот: Вдишениот чад од цигари е најчестата причина за неплодност кај мажите, како и за импотенција.

Врз бременоста: Тешки оштетувања на плодот, поради пушењето на мајката уште во првите денови на бременоста (принудно пасивно пушење на нероденото, за време на хроничното труење со јаглен моноксид). Бебето се раѓа со намалена телесна тежина (за 300-500 гр), а следи и успорување на духовниот развој на детето.

На траењето на животот: Зависниот пушач треба да очекува дека ќе живее 8-10 години помалку.

Врз квалитетот на животот: Пропратните дејства на пушењето се појавуваат во средните години од животот и можат да влијаат врз квалитетот и задоволството во животот преку оштетување на крвотокот, потреба од воздух, појава на ангина пекторис и др.

Сите овие нарушувања може да се појават по еден подолг период (по 1-2 децении).

Факти за пушењето:

Со пушењето на 20 цигари на ден во организмот се внесуваат околу 0,1 гр. никотин. Пушењето на 20 цигари дневно го оптоварува срцето исто како да се вози велосипед во траење од 8 часа.

Непушач кој се наоѓа во просторија во која се испушени 4-5 цигари се смета дека тој самиот испушил пасивно 1-2 цигари.

Смртната доза за човекот изнесува 50-80 мг никотин (што може да се постигне со пушење на 30-40 цигари една по друга).

Штетите од пушењето во Германија се процениуваат на 30 милијарди евра, за разлика од користа што државата ја добива од данокот за цигари која изнесува 8 милијарди евра.

Годишно, како последица од пушењето умираат 3,5 милиони пушачи во светот или на секои 10 секунди едно лице умира како резултат на пушењето. Повеќе од 1 милион лица од овие лица умираат во Европа.

Од вкупно 1000 млади кои пушат во Англија се смета дека 6 ќе загинат во сообраќајна несреќа, а 250 ќе умрат прерано поради употребата на цигари.

Ненадејната смрт кај бебињата е 5 пати почеста ако бебето се наоѓа во просторија каде што се пуши

Една третина од легално произведениот тутун се продава илегално ( без плаќање данок на државата).

Тутунските компании трошат 5 милијарди долари секоја година или 14 милиони секој ден за рекламирање на нивните производи и коптирање на нови пушачи, кои ќе ги заменат оние кои веќе умреле или пак се откажале од пушењето

Никотинот е алкалоид содржан во сувиот тутун во 0,6-3%. Во минатото бил користен како инсективид. Во мали концентрации (во 1 цигара има околу 1 мг никотин) дејствува како стимулант и е главна причина за зависност од пушење цигари. Зависноста од никотин е една од најтешките зависности, слично како зависноста од хероин и кокаин.

Ефекти на никотинот:

  • На мозокот: главоболка, нарушен сон, возбуда, вртоглавица
  • На срцето: нарушена работа на срцето, зголемен крвен притисок, коронарна артериска болест
  • На крвта: зголемена тенденција за згрутчување
  • Бели дробови: стеснување на бронхии (бронхоспазам)
  • Мускули: премор, болка
  • Стомак: гадење, сува уста, пролив
  • Панкреас: хиперинсулинемија, инсулин резистенција
  • Зглобови: болка

Никотинот влијае на никотински ацетилхолински рецептори и никотински рецептори на ЦНС. Никотинот доведува до еуфорија, релаксација, но и до зависност (зголемува допамине во центрите за награда во мозокот). Во многу големи дози може да доведе до контракции и респираторна парализа. Влијае и на симпатикусот – стимулира ослободување на епинефрин (адреналин) што резултира со забрзана работа на срцето, зголемен крвен притисок, забрзано дишење и зголемено ниво на шекер во крвта.

Никотинот влијае на расположението, претставува стимулатор но и релаксатор. Го намалува апетитот и го зголемува метаболизмот.

Кога се пуши цигара за неколку секунди никотинот стигнува до мозокот и предизвикува ослободување на многу хемиски материи (ацетил холин, норепинефрин, епинефрин, вазопресин, аргинин, допамин, бета ендорфин). Никотинот ја зголемува концентрацијата и меморијата (зголемен ацетилхолин), ја намалува болката, анксиозноста. Во помали дози дејствува како психостимулатор, додека во поголеми дози смирува и намалува болка. Никотинот ги активира патиштата за награда во мозокот што резултира со чувство на еуфорија и задоволство. Го зголемува нивото на допамин во мозокот, што резултира со силна зависност. Никотинот го зголемува крвниот притисок, ги стеснува крвните садови и го зголемува нивото на холестерол во крвта.

АЛКОХОЛ

alcohol-06

Историјат

Пред 6000 години ПНЕ бил употребен како лек, храна и средство за ублажување на болки. Првите алкохолни пијалоци се добиени по пат на вриење (ферментација).

Првите друштва на лекувани алкохоличари се појавиле во 1935 година во САД.

Распространетост

Според СЗО во светот има 140 милиони алкохоличари.

Во Република Македонија има 40-60 илјади алкохоличари, или 2-3% од населението се алкохоличари.

80% од производството на грозје и овошје се преработува во алкохол.

Во РМ алкохолот учествува со 12% како фактор за несреќи, тешко повредени и смрт при несреќи.

Етил алкохолот е застапен од 3-7% во пивото, 6-14% во виното, 30-50% во ликерот, 16-55% во ракијата и 45-50% во коњакот.

Влијание на алкохолот врз организмот

Алкохолот го оштетува речиси секој орган во телото.

Етанолот е седативно-хипнотичка дрога слична на безнодиазепини и барбитурати.

Алкохолот ги стимулира ГАБА рецепторите кои доведуваат до депресија на централниот нервен систем Етил алкохолот може да се стопи во липоиди за полесно да ја мине клеточната мембрана, со што ја менува протеинската структура на мозочната клетка.

При долготрајна употреба на алкохол се десензитираат ГАБА рецепторите и им се намалува нивниот број, што резултира со толеранција и физичка зависност.

Психичката зависност вклучува употреба на алкохолот во големи количини кои се штетни за организмот, продолжена употреба и покрај негативните ефекти од употребата, психолошко негирање, рационализација, минимизација и проекција на вина, промени на личноста.

При оксидација на алкохолот се создава ацет-алдехид, токсичен продукт, кој го нарушува протеинскиот биланс на организмот и предизвикува создавање на масни инфилтрации во црниот дроб, а делува и на пореметување на метаболизмот на витаминот Б6.

Оштетувања на внатрешните органи:

Дигестивен систем: хранопроводник, желудник, црн дроб, панкреас

Централен и периферен нервен систем (полинеуропатија-почесто сензитивни отколку моторни промени- губиток на тетивни рефлекси и одземеност).

Срце и васкуларен систем, поради оштетување на црн дроб, диспротеинемија, авитаминоза и директно дејство врз срцев мускул.

Бубрежно оштетување (поради метаболните нарушувања).

Промени на кожата-пелагра (каренца од А и Б вит, неурални и циркуларни промени).

Телесно пропаѓање- губиток на мускулна маса (млитава, атрофична)

Делириум тременс

Пределириум: застрашителни соништа, страв, немир, збунетост, несоница, потење, забрзан пулс, главоболки.

Делириум: нагло: видни халуцинации, акустични халуцинации, налудничави идеи, параноја, имитира професија, температура, нарушена свест, не спие, не јаде, обилно се поти, слаб пулс, паѓа притисок, тресе раце, неразбирлив говор, епилептички напади, длабок сон кој трае 3-4 дена.

Алкохолна халуциноза

Корсакова психоза

Оштетување на периферни нерви (полинеуритис), брзо интелектуално пропаѓање. Заборава, тешко се сеќава, збунет е и немирен, измислува настани (конфабулира).

Настапува атрофија на мозокот (кората на мозокот во фронтални делови).

Точкасти крварења во сивата маса на мозокот (Верникеова енцефалопатија). Се мисли дека недостасува тијамин.

Алкохолот го скратува животот за 15-20 години. Алкохоличарот од работа во просек изостанува по два месеци годишно, а во животот губи околу 10 години работен стаж.

Пред да се јави за лекување алкохоличарот, минуваат 5-10 години.

Лекувањето трае 6 месеци до 1 година во душевни болници.

Се дава медикаментозна терапија (есперал), индивидуална и групна психотерапија, социотерапија и работна терапија.

Ефекти од употреба на алкохол според количина на внесен алкохол

Алкохолот предизвикува добро расположение, самодоверба и некритична борбеност. Човекот се чувствува посилен.

Дозволена концентрација на алкохол во крв 0,5%о. (на 2000 капки крв има 1 капка алкохол). Силата на мускулите е намалена за 16%.

Концентрација од 1%о доведува до ослабување на вниманието и волјата, рефлексното време е продолжено и движењата се неточни (ако човек со тежина од 70 кг. испие 500 мл вино, по 1 час ќе има 15о алкохол во крвта).

Концентрација од 1-2%= лесно пијанство. Црвенило на лицето, забрзано дишење и пулс, брзо и збунето зборување. Се губи контролата врз однесувањето.

2-3%= гледа удвоено (дупло), неразбирлив говор.

Концентрација од 3-5%= тешка пијана состојба, што води кон безсознание и смрт (ако наеднаш се испие 750 мл коњак).

Над 4% може да дојде до кома.

Разградба и елиминација на алкохолот во организмот

Во црниот дроб алкохолот се разложува на Цо2 и вода, при што се ослободуваат 7 калории на грам. Алкохолот се разградува во црниот дроб под дејство на ензимот алкохолна дехидрогеназа (АДХ), при што преминува во ацеталдехид, кој потоа се разложува на помалку токсичен дел и токсичен дел-оцетна киселина.

Црниот дроб за 1 час може да рагради 0,1%о од концентрацијата на алкохолот во крвта.

Потребни се барем 8 часа за алкохолот да се излачи од крвта. 10% излегува како непроменет преку дишењето и урината, останатите 90% се излачуваат во променета состојба (преработени во црниот дроб).

Алкохолот прави вкрстена толеранција со други седативи/хипнотици, како што се барбитуратите и лековите за смирување (безнодиазепини).

Алкохолизам

За умерено пиење алкохол се смета не повеќе од 2 алкохолни пијалоци дневно за маж или еден пијалок дневно за жена.

alcoholicПри неконтролирана долготрајна употреба на алкохол се јавува алкохолизам. Алкохолизмот (синдром на зависност од алкохол) е најраспространема болест на зависност. Според распространетоста и штетните последици по здравјето, алкохолизмот е на трето место по болестите на срцето и крвните садови и малигните болести (рак).

Алкохоличар е лице кое трајно и прекумерно пие алкохолни пијалоци, што доведува до душевни пореметувања или оштетувања на психичкото и физичкото здравје, тешкотии во односите со другите и оштетување на социјалната и економската состојба. Тој не може да го контролира пиењето алкохол (губење на способоста за контрола на прекумерна употреба на алкохол) што доведува до зависност.

Алкохолизмот се карактеризира со зголемена толеранција и психичка зависност од алкохол. Долготрајните ефекти од употреба на алкохол вклучуваат цироза на црниот дроб, панкреатитис, епилепсија, полинеуропатија, алкохолна деменција, болест на срцето, нутритивен дефицит и сексуална дисфункција, како и зголемен ризик за рак. Ментални нарушувања при долготрајна употреба на алкохол се деменција, оштетување на мозочните функции, анксиозност, депресија, шизофренија, панични растројства.

Алкохолизмот се поврзува со брачни проблеми, домашно насилство, запоставување и злоупотреба на деца, загуба на работа.

Специфични знаци на алкохолизам се: амнезија, губење контрола на пиењето и однесувањето, пораст и пад на толеранцијата и апстиненцијален синдром.

Алкохоличарите манифестираат:

Екстремно ниска толеранција на фрустрации

Неспособност за поднесување на анксиозност и тензија

Екстремен нарцизам.

Присутни секундарни психолошки реакции се:

Нагласена хиперсензитивност

Импулсивност

Чувство на изолација и осуденост

Омраза

Амбициозностмазохистичко-садистички тенденции.

Симптоми на спуштање: анксиозност, немир, несоница, покачен крвен притисок, температура, забрзана работа на срцето и дишењето, срцева слабост, несоница конфузија, дезориентација, халуцинации, грчеви, до смрт.

Терапија

Тетраетилтиурам-дисулфид=антабус=тетидис. Тетидис го има во форма на таблети

Есперал-имплантација на ампула

Дисулфирамот (тетидис) го блокира метаболичкиот процес на ниво на ацеталдехид.

Ако земе алкохол по терапија=зголемен притисок, црвенило, забрзан пулс (срцебиење), гушење, главоболка, мачнотија и повраќање.

БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО

heart_attackСрцевите болести се новотворевини или тумори и болести на градите, дишните патишта, тие се најмасовните убијци на човештвото.

Во развиените земји во светот на прво место се заболените и умрените од кардиоваскуларни болести, како последици на нездравиот начин на живот, пред се неумереност во јадење и пиење, конзумирање на нездрава храна и пијалоци, слабата физичка активност и високиот процент на стрес, а како приоритети се наведени свеста за грижата, здравјето и едуцираноста на населението.

Ќе наведеме само 5 најчести болести на срцето и совети како да ги избегнеме со правилен начин на живот :

  1. Миокарден инфаркт спаѓа во исхемични болести на срцето, настанува поради недостиг во снабдувањето со доволно крв во ткивата, дел од срцевиот мускул умира. Таа состојба се нарекува миокарден инфаркт или срцев удар. Настанува како последица на запушени коронарни артерии.

Како причина се јавува намалена физичка активност, зголемен внес на соли, масти и шеќер, исхрана со сиромашна омега 3 масни киселини и зависности како што се пушењето и алкохолизмот, стрес после кој доаѓа до зголемен крвен притисок и холестерол.

Физичката активност помага во регулирање на срцевата активност, во регулирање на телесната тежина, нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок и во зајакнување на целокуниот организам.

Веднаш треба да се престане со пушење, конзумирањето на алкохол да се ограничи на чаша црвено вино за време на ручек, да се исфрли од употреба белото брашно и неговите производи, маснотиите од животинско потекло, да се зголеми внесот на сина масна риба богата со омега 3 масни киселини и маслиново масло, да се исфрли шеќерот од употреба и да се замени со минимални количини на јачменов засладувач или мед, вклучување на физичка активност и вежби во секојдневниот живот, посебно аеробни вежби и кардио вежби од видот на брзо одење или трчање. Редовната физичка активност ќе помогне во редуцирање на стресот користејќи вежби за опуштање, масажа, ароматерапија, бавење со омилено хоби, престој на свеж воздух, намалување на работните часови во текот на неделата и сл.

2.Абнормалности и оштетување на срцевите залистоци причинуват шумови на срцето. Постојат неколку видови на шумови на срцето, а тоа се : шум на аортална стеноза, шум на аортална инсуфициенција, шум на митрална инсуфициенција и шум на митрална стеноза. Оштетените залистоци се лекуваат со хируршка операција, а лекарите советуваат за режимот на исхрана и начинот на живот после операција.

  1. Ангина пекторис е чувство на непријатност (вознемиреност) кога срцевиот мускул не се снабдува со доволни количини на крв или запушени коронарни артерии како последица на артеросклероза, може да се јави после анемија поради недостаток на кислород, поради аортна стеноза, артеритис, нарушување на срцевиот ритам и сл. Карактеристично е непријатно чувство на тежина, притискање или боцкање во градите и до појава на остра, силна и неподнослива болка воглавно во случај на поголеми физички напори. Превенција од оваа болест е во дејствување на хипертензија, со правилна исхрана, физички вежби и во краен случај со лекови, спречување на анемија со конзумирање на намирници богати со железо, контрола на дијабетесот, намалување на зголемени маснотии во крвта и нејзино регулирање со правилна исхрана, пред се со конзумирање на маснотии од растително потекло и исфрлување на пржена храна. Контрола на штитната жлезда исто така допринесува за рано откривање на некои болести на штитната жлезда кои се одговорни за појава на ангина. Кај веќе постоечка состојба од големо значење е превенцијата за можни удари и операциско лекување.
  1. Аритмијата означува ненормален срцев ритам, а вообичаено вклучува неправилности во фрекфренцијата и редоследот на ритамот што може јасно да се види на ЕКГ дијагностика.

Тоа се ектопички удари, артериска фибрилација, вентикуларна и суправентикуларна аритмија, а причинители се психичкото нарушување и лекови. Аритмијата може да биде тахикардија кога работата на срцето е забрзана или брадикардија кога работата на срцето е успорена, а најчесто се случува во текот на спиење. Нормална тахикардија се случува после физички напор, зголемена возбуда, стрес или зголемена телесна температура. Болесни состојби кои предизвикуваат аритмија се инфаркт, ангина пекторис, промена во составот на електролитите, хипертиреоза, хипотиреоза, хипоадренализам, хиперкалијемија, лекови кои предизвикуваат аритмија може да бидат срцеви гликозиди, симпатолици и парасимпатолици. Аритмија исто така може да предизвика артериска фибрилација, атриовентрикуларен блок, екстрасистоли, пароксизимална тахикардија и  Wolf-Parkinson-Whiteov синдром.

На аритмија на срцето се делува во зависност од видот, екстрасистолите може да бидат безизлезни, најчесто се предизвикани од нарушена рамнотежа меѓу електролитите или недостиг на калиум како и негово зголемување, а некои се предизвикани од миокарден инфаркт или од струен удар и може да се помогне само со електрошокови.

  1. Вродени срцеви аномалии најчесто се лекуваат по хируршки пат, или ако се во поблага форма и се наоѓаат на десната страна на срцето каде притисоците се помали, може да се живее со нив.

На вродените срцеви аномалии не може да се влијае со правилна исхрана, ниту може да се излекуваат со лекови. Најчесто настануваат во првото тромесечие во бременоста, во колку мајката има некоја инфекција која влијае на тоа, а можат да се појават и подоцна.

РАК

14124617Рак (малигна неоплазма) е класа на болести каде што група на клетки пројавува неконтролиран раст преку поделба надвор од нормалните граници, напаѓање и врзување со соседните ткива, a понекогаш појава на метастази кои ги шират клетките на други места во телото преку лимфниот систем и крвотокот. Овие три малигни својства го одвојуваат ракот од бенигните тумори, кои се самоограничени и не напаѓаат ниту метастазираат.

Видовите на рак се класифицираат според видот на клетки кои наликуваат на тумор, и според тоа на ткивото за кое се претпоставува дека е зачеток на туморот. Според хистологијата и местоположбата има повеќе видови на рак :

  • Карцином – малигни тумори кои потекнуваат од епителни клетки. Во оваа група припаѓаат најчести видови на рак на дојка, простата, бели дробови и дебело црево.
  • Сарком – малигни тумори кои потекнуваат од сврзни ткива или меземхималните клетки.
  • Лимфом и леукемија – малигноми кои потекнуваат од хематопоетските (крвотворните) клетки.
  • Бактериски рак – тумори кои потекнуваат од тотипотентните клетки. Кај возрасните најчесто може да се најде во тестисите и јајчниците, додека кај фетусите, бебињата и малите деца најчесто се наоѓа во средишниот дел на телото.
  • Бластен тумор или бластом – тумор (обично малигнен) кој наликува на незрело или ембрионско ткиво. Овие тумори се најчести кај децата.

Малигните тумори (видови рак) обично се именуваат користејќи – карцином, сарком или бластом како суфикс, и латинскиот или грчкиот збор за органот од кој потекнуваат како корен на името. На пример, ракот на црниот дроб се нарекува хепатокарцином, ракот на масните клетки – липосарком. Бенигните тумори (кои не се рак) се именуваат користејќи – ом како суфикс, и името на органот како корен. На пример, бенигнен тумор на мазната мускулатура на матката се нарекува леиомиом (почест израз за овој тумор е фиброид). За жал, и некои видови на рак го користат суфиксот – ом, како што е случајот со меланом и семином.

Симптомите на рак можеме да ги поделиме во три групи :

  • Локални симптоми – невообичаени грутки или отекувања (тумори), крварење, болка/и или улцерација. Притискањето на околните ткива може да предизвика симптоми како жолтица (пожолтување на очите и кожата).
  • Симптоми на метастаза (ширење) – зголемени лимфни јазли, кашлица и хепатомегалија (зголемен црн дроб), болка во коските, кршливост на заразените коски и невролошки симптоми. Иако ракот во напредна фаза може да предизвика болка, таа најчесто не е првиот симптом.
  • Системски симптоми – губење на тежина, слаб апетит, исцрпеност, кахексија, прекумерно потење, анемија (слабокрвност) и специфични паранеопластични феномени, т.е. специфични услови кои се должат на активниот рак, како тромбоза или хормонални промени.

Видовите на рак пред се, се болест на животната средина, со 90-95% од случаите кои се должат на начинот на живот и факторите на животната средина и 5-10% кои се должат на генетиката. Најчестите фактори на средината кои доведуваат до рак се тутунот (25-30%), начинот на исхрана и преголема тежина (30-35%), инфекциите (15-20%), зрачењето, стресот, недостатокот на физичка активност и загадувачите на животната средина.

Пушењето е поврзано со неколку форми на ракот и е причинител на 90% рак на бели дробови. Чадот од цигарите содржи 50 познати карциногени, вклучувајќи ги нитросамините и полицикличните ароматични јаглеводороди. Тутунот е одговорен за еден од три смртни случаи предизвикани од рак на белите дробови во развиените земји и еден од пет смртни случаи во целиот свет.

Рак може да предизвикаат и извори на јонизирачко зрачење, како на пример гасот радон. Долготрајното изложување на ултравиолетово зрачење од сонцето може да доведе до појава на меланом и други малигнитети на кожата.

Некои видови на рак може да се предизвикани од инфекција. Тука се вбројуваат папилома вирус (карцином на грлото на матката, односно цервикален карцином), полиома вирус (мезотелиом, тумори на мозокот), Епштајн-Бар вирусот) лимфопролиферативна болест на Б-клетките и назофарингеалниот карцином), Капошиевиот сарком херпес-вирус (примарен излив на лимфоми), вируси на хепатит Б и хепатит Ц (хепатоцелуларен карцином) и вирус-1 на леукемија на Т-клетките. Ризикот на заболување од рак може да се зголеми и заради бактериска инфекција, како што е примерот на бактеријата Heliobacter pylori, што го предизвикува карциномот на желудникот. Можеме да разликуваме два вида тумори предизвикани од вирус : едните се трансформираат акутно, а другите носат хиперактивен онкоген, наречен вирусен онкоген и заразената клетка се преобразува во истиот момент кога се пројавува вирусот. Вирусите на хепатит можат да предизвикаат хронична вирусна инфекција и доведува до рак на црниот дроб. Цирозата на црниот дроб, без разлика дали потекнува од хроничен вирусен хепатит или алкохолизам, е тесно поврзана со развивањето на рак на црниот дроб, а комбинација од цироза и вирусен хепатит претставува најголем ризик за развивање на рак на црниот дроб.

Повеќето форми на рак се спорадични, што значи дека нема наследна причина за појава на ракот.

Повеќето случаи на рак првично се дијагностицираат при клинички преглед по откривањето на знаци или симптоми на ракот. Меѓутоа, за конечна дијагноза и типизација на ракот најчесто е потребно мислење од патолог, вид на лекар кој е специјализиран за дијагностицирање на рак и други болести. Тестовите кои се вршат на луѓе што може да имаат рак вклучуваат крвни слики, рентген снимки, снимање на мозокот и ендоскопија.

Можеме да се посомневаме на заболување од рак од различни причини, но конечната дијагноза за повеќето малигнитети треба да биде потврдена од хистолошки преглед на канцерогени клетки направен од патолог. Ткивото може да се добие преку биопсија или операција. Многу биопсии (како оние на кожата, градите или црниот дроб) може да се направат во лекарска ординација. Биопсии на други органи се вршат под анестезија и за нив е потребна операција во операциона сала. Дијазнозата на ткивото, дадена од патологот го покажува видот на клетки што се размножува, хистолошка оцена, генетските ненормалности и други карактеристики на туморот. Овие информации се корисни за проценување на прогнозата на пацинетот и бирање на соодветниот начин на лекување. Цитогенетиката и имунохистохемијата се други начини на испитување кои патологот ги врши врз примероците на ткиво. Овие испитувања можат да овозможат податоци за молекуларните промени кои се случуваат во канцерските клетки и можат да го предвидат однесувањето на ракот и соодветниот третман.

Заштитата од рак се дефинира како превземање активни мерки за намалување на појавата на рак. Мнозинството на ризични фактори за појава на рак се поврзани со животната средина и начинот на живеење. Повеќе од 30% од случаите со рак може да се спречат ако се избегнуваат неколку фактори на ризик како : тутунот, преголема тежина, недоволно конзумирање на овошје и зеленчук, физичка неактивност, алкохол, сексуално преносливи болести и загадување на воздухот.

Поврзаноста помеѓу исхраната и ракот е во тоа што дебелината го зголемува ризикот за развивање на рак.

Направени се вакцини за спречување на онкогените инфективни агенси, а во процес на правење се терапевтски вакцини кои симулираат имунолошки одговор против специфичните епитопи на ракот. Вакцината за ХПВ го намалува ризикот од развивање на ракот на грлото на матката. Вакцината за хепатит Б заштитува од инфекција на хепатит Б вирусот и со тоа го намалува ризикот од рак на црниот дроб.

Рано откривање и следење на ракот вклучуваат напори за да се забележи ракот пред да се појават симптомите. Ова може да вклучува физичко испитување, тестови на крв и урина или медицинска визуелизација. Иако тестовите за рано откривање и следење на ракот носат ризици, имаат повеќе позитивни страни, една од нив е раното откривање и лечење, особено ако се препорачуваат за голем дел од населението.

Постојат многу можности за справување со ракот, меѓу кои : хемотерапија, терапија со зрачење, операција, имунотерапија, терапија со моноклонални антитела и други методи. Кој од нив ќе се користи зависи од местоположбата и сериозноста на туморот и степенот на болеста, какои и од општата здравствена состојба на човекот.

Ракот има репутација како смртоносна болест. Прогресивните и распространувачки малигни болести имаат значително влијание врз квалитетот на животот на пациентот и многу од третманите за рак (како хемотерапијата) може да имаат тешки несакани последици. Во напредните фази на ракот, на многу пацинети им е потребна посебна нега што ги засегнува и членовите на семејството и пријателите. Палијативната грижа како решение може да вклучува трајна или повремена грижа во дом.

Ракот на белите дробови е болест која се состои од неконтролиран раст на клетките во ткивата на белите дробови. Ова растење може да доведе до метастази, кои се всушност напаѓање на соседните ткива и навлегување во други делови надвор од белите дробови. Мнозинството од примарните видови рак на белите дробови се карциноми на белодробното крило, кои потекнуваат од епителните клетки. Најчести симптоми се краток здив, кашлање (тука се вклучува и искашлувањето крв) и губење на тежината. Ракот на белите дробови може да се види со правење радиограм на градите и компјутеризирана томографија. Дијагнозата се потврдува со биопсија. Ова обично се прави со бронхоскопија или биопсија направена со помош на компјутеризирана томографија. Лекувањето и прогнозата зависат од хистолошкиот вид на ракот, степенот на ширење и издржливоста на пациентот. Можни начини на лекување се операција, хемотерапија и радиотерапија.

Ракот на дојката (малигна неоплазма на дојката) е рак кој потекнува од ткивото на градите, најчесто од внатрешните делови на млечните канали или лобулите кои ги снабдуваат каналите со млеко. Видовите рак кои потекнуваат од каналите се нарекуваат дуктални карциноми, а оние што потекнуваат од лобулите се познати како лобуларни карциноми. Прогнозата и стапката на преживување варира и во главно зависи од видот на ракот и степенот на ширење. Во начините на лекување се вбројуваат операција, лекови (хемотерапија и хормонална терапија) и зрачење. Зрачењето се користи за контролирање на канцерските клетки кои не биле отстранети при операција, со што обично се продолжува животниот век, иако изложувањето на срцето на зрачење може да предизвика штета и срцев удар во подоцнежните години.

ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ (Diabetes mellitus)

Во светот 366 милиони луѓе боледуваат од шеќерна болест (Diabetes mellitus), а овој број секојдневно и забрзано расте.

Според проценките на Светската здравствена организација и на меѓународната дијабетолошка федерација се очекува во наредните 20 години бројот на заболени од дијабетес да достигне околу 552 милиони луѓе, а од нив најголем пораст се очекува во земјите во развој.

Смртноста од оваа болест на годишно ниво е застапена со 5 %. Најголем број на случаи заболени од дијабетес се на возраст од 45 до 64 години.

Во Република Македонија има околу 120.000 лица заболени од дијабетес, од кои само 1-3 % се со дијабетес тип 1, а останатите му припаѓаат на дијабетес тип 2.

PantherMedia 906049

Синдром кој често го дефинираме како метаболичка болест поврзана со пореметување во метаболизмот на јагленохидрати, белковини и масти.

Причина за болеста е недостиг или намалена концентрација на активен инсулин, било да станува збор за недоволно создавање или недоволно излачување на инсулин во панкреасот.

“Наследните (генетски) фактори влијаат кај некои луѓе за добивање на шеќерна болест. Но, сите показатели укажуваат дека начинот на живот, особено правилната исхрана и физичката активност може да одредат дали тој наследен фактор навистина може да се претвори во шеќерна болест”.

Основни начини за лекување на шеќерната болест :

  • Правилна исхрана (потребна е за сите пациенти);
  • Зголемена физичка активност ( потребна е за сите пациенти);
  • Лекови за намалување на гликозата во крвта ( потребна е за пациентите на кои лековите ќе ги одреди лекарот);
  • Едукација и здравствена превентива (потребна е за сите пациенти);
  • Самоконтрола за висината на гликозата во крвта и гликоза и ацетон во урината;
  • Избегнување на хипогликемија.

Што е дијабетесот и зошто се појавува ?

Дијабетесот е хронично заболување кое се карактеризира со зголемени вредности на шеќер (гликоза) во крвта. Нивото на гликоза во крвта е контролирано од инсулинот, хормон кој се создава во панкреасот. Задача на инсулинот е да помага во придвижувањето на гликозата од крвта во клетките, каде се разложува и се добива енергија. Луѓето кои страдаат од дијабетес, независно од кој тип, имаат зголемени вредности на гликоза во крвта затоа што нивниот организам не може да ја пренесе гликозата во клетките. Причини за тоа може да бидат :

  • Недоволна продукција на инсулин од страна на панкреасот,
  • Нарушена реакција на клетките кон инсулин,
  • И двете причини истовремено.

Типови на дијабетес :

Постојат 3 главни типа на дијабетес :

Дијабетес Тип 1 (инсулинозависен дијабетес). Станува збор за автоимуно заболување со можна генетска предиспозиција. Се јавува во било која возраст, но најчесто кај деца, тинејџери и млади луѓе. Кај овој тип дијабетес панкреасот создава многу малку или воопшто не создава инсулин.

Дијабетес Тип 2 (инсулинонезависен дијабетес). Оваа е најчеста форма на дијабетес. Претежно ги афектира возрасните, но во последните години се јавува и кај тинејџерите и младите лица поради прекумерно зголемување на телесната тежина. Кај овој тип на дијабетес, панкреасот најчесто создава инсулин но или таа количина е недоволна за организмот или клетките се резистентни.

Гестациски дијабетес. Се карактеризира со високо ниво на гликоза во крвта и се јавува во било кој период од бременоста кај жени кои дотогаш не страдале од дијабетес. Оваа состојба мора да се контролира бидејќи може да влијае врз нормалниот раст и развој на бебето.

Симптоми и знаци

Симптомите и знаците се во зависност од нивото на шеќер во крвта, но луѓето со дијабетес тип 2 и покрај зголемената гликоза во крвта, на почетокот може да немаат никакви симптоми. Кај пациентите со дијабетес тип 1 симптомите најчесто се манифестираат побрзо и во потешка форма. Дел од симптомите и знаците се :

зголемено чувство на жед, зголемен апетит, необјаснето губење на телесна

тежина, замор, чести инфекции (на непцата, кожата, вагината, мочниот меур), често мокрење, бавно зараснување на рани, благо зголемен крвен притисок, заматување на видот и присуство на кетони во урината.

Ризик фактори за дијабетес тип 1 :

присуство на антитела, изложување на одредени вирусни заболувања, намалено внесување на витамин Д и конзумирање на кравјо млеко во рана возраст.

Ризик фактори за дијабетес тип 2 :

прекумерна телесна тежина, намалена физичка активност, дијагностициран дијабетес тип 2 кај член на семејство – родител, брат или сестра, гестациски дијабетес во претходна бременост, синдром на полицистични јајници, висок крвен притисок, високо ниво на холестерол и високо ниво на триглицериди.

Ризик фактори за гестациски дијабетес :

жени постари од 25 години, дијагностициран дијабетес тип 2 кај член на семејство – родител, брат или сестра, гестациски дијабетес од претходна бременост, раѓање на бебе со голема телесна тежина (повеќе од 4 кгр.), мртвородено од непознати причини, прекумерна телесна тежина и големо зголемување на тежината во текот на бременоста

Компликации :

Компликациите од дијабетесот се развиваат постепено. Колку подолго имате дијабетес и колку помалку го контролирате шеќерот во крвта, толку е поголем ризикот од појава на компликации. Со тек на време, компликациите од дијабетес може да доведат до губење на одредена способност или да бидат фатални. Можни компликации се : оштетување на видот, чести инфекции на кожата, срцев удар, мозочен удар, нарушено движење на крвта во пределот на нозете, оштетување на нервите поради што се јавува трнење и губење на чувството за осет, оштетување на бубрезите, зголемен ризик за појава на одредени видови на рак. За среќа, дијабетесот лесно се дијагностицира, а со правилна едукација може да се превенира и контролира.

Што е тоа шеќер во крвта или гликемија ?

Шеќерот во крвта всушност претставува гроздов шеќер или гликоза. Гликозата е основа за животот на клетките во организмот. Таа е главна храна за секоја клетка, посебно за органите што се од основна важност за животот на организмот, мозокот, срцето, бубрезите, црниот дроб, мускулите и др.

Во организмот шеќерите се внесуваат главно преку растителна храна која содржи јагленохидрати, но до покачување на гликемијата доаѓа и по јадење на некои видови животинска храна. Внесувањето на други видови храна, како што се месото и зеленчукот не доведува до покачување на гликемијата.

Но за да влезе гликозата во клетките, неопходен е еден хормон што се вика инсулин. Тој е еден вид белковина (протеин) што се излачува од жлездата панкреас. Инсулинот циркулира во крвта и му овозможува на шеќерот во крвта да влегува во клетките на органите и системите како мускулите и масното ткиво. Недостиг на инсулин е причина на покачен шеќер во крвта (хипергликемија) и оваа состојба се означува како шеќерна болест.

 

Причини за појава на дијабетес тип 2

Внатрешни фактори :

Панкреасот има одреден капацитет на произведување на инсулин. Тој се наследува и не се менува до крајот на животот. Кај некои лица тој капацитет е мал, но порано или подоцна се појавува дијабетесот како болест. Кај други, резервите се трошат многу побрзо отколку што би требало, а особено ако се зема преобилно количество на храна. Затоа треба да се внимава на исхраната и на телесната тежина.

Дебелината или прекумерната телесна тежина е еден од најважните фактори за појава на шеќерна болест тип 2. Инсулинот е неопходно потребен за внесувањето на гликозата од крвта во клетките на мускулите и на масното ткиво. Масните клетки не можат да се одржат без присуство на инсулин. Една од основните причини кои доведуваат до брзо дебелеење е конзумирањето на брза храна во вид на хамбургери, разни видови на бургери, сладоледи и зашеќерени пијалоци. Таа содржи најмногу масти, помалку белковини и доста сол.

Намалената физичка активност е исто така еден од најважните фактори за појава на дијабетесот. Со движењето се трошат калории, а со тоа телесната тежина се одржува на нормала.

Надворешни фактори :

Ги има повеќе. Најмногу се споменуваат инфекциите со вируси или со бактерии. Секоја инфекција значи зголемена потреба на организмот од енергија. Енергијата се добива преку внес на гликоза во клетката, со што таа ја извршува функцијата.

Зачестените инфекции значат и напрегање на панкреасот за производство на поголеми количества инсулин. Така кај преодредени лица со послаб квалитет на функцијата на панкреасот, може да дојде до негово исцрпување и до појава на дијабетес.

Во почетокот, тоа е т.н. стрес дијабетес, тоа се покачени вредности на шеќерот во крвта при инфекција, болест или стрес од било каква природа.

Како можам да го спречам дијабетесот ?

Програмите за превенција на дијабетесот, покажуваат дека луѓето можат да го спречат развојот на дијабетесот тип 2 на релативно едноставен начин со зголемување на нивото на физичка активност и со промени во исхраната.

Само со умерена физичка активност од 30 минути на ден, со 5-10 % намалување на телесна маса доведува до намалување на дијабетесот до 58 %.

Исто така и правилната здрава исхрана со свежо овошје, свеж зеленчук, цело зрнести житарки помага во спречување на дијабетесот.

Шеќерот од растителни влакна постепено се ослободува, а со тоа нивото на шеќер во крвта останува оптимално преку целиот ден.

Телото континуирано ја прима храната која му е потребна во текот на целиот ден. На овој начин се намалува желбата за храна која може да предизвика осцилации на шеќерот во крвта.

Растворливите растителни влакна ја блокираат апсорцијата на LDL холестеролот кој луѓето секојдневно го внесуваат, а со тоа нивото на мастите во организмот се намалува до оптимално здраво ниво. Со тоа автоматски се губи вишокот телесна маса и телото добива правилна форма.

САМОКОНТРОЛА

Што добиваме со нормализирање на шеќерот во крвта ?

Во текот на болеста, основно е да се грижите за една работа : шеќерот во крвта или гликемијата да ја одржувате во нормални граници, а тоа значи вредностите на гладно да не бидат поголеми од 6 mmol/l, а два часа по јадење до 8 mmol/l.

Одредување на шеќер во крвта или одредување на гликемија се прави со помош на апаратче за домашна употреба. Контрола на гликемијата треба да се прави наутро на гладно, два часа по ручекот како главен оброк и пред спиење. Овие правила важат за лица со дијабетес што се само на диета или на таблети.

Контрола врз телесната тежина и диета

Чести контроли треба да правите посебно при : присуство на симптоми како што се жед, често мокрење, сушење на устата, изнемоштеност, покачена телесна температура, слабеење, појава или присуство на некоја друга болест, подготовка за операција или стоматолошка интервенција и промена во терапијата.

Слабеењето не е само ваш проблем, тој е светски проблем, бидејќи бројот на надхранети лица е во постојан пораст, а дебелината претставува болест. Ако се внесе повеќе храна во организмот (калории) од потребното, вишокот се претвора во масти. Затоа во храната не смеете да внесувате заситени масни киселини, како и шеќери што брзо и целосно се ресорбираат (чисти шеќери). Храната треба да биде составена од незаситени масни киселини (растителни масла) и шеќери (целулоза), што ги има во растителната храна и во т.н. влакнеста храна.

Единствена причина за вишокот на килограми е прекумерно внесување на храна, а единствен начин да ја редуцирате телесната тежина е држење на диета. Диетата е основа во лекувањето на шеќерната болест и значи правилна и здрава храна. Правилна диета подразбира редовно земање на оброци кои ги делиме на главни и дополнителни. Многу е важно главните оброци да се земаат во исти или приближно исти временски интервали во текот на денот за да се задржат приближно рамномерни вредности на шеќерот во крвта.

Физичката активност и дијабетесот

Физичката активност спаѓа во основните компоненти на лекувањето и посебно во превенцијата на дијабетесот. Многу возрасни лица го поминиваат најголемиот дел од денот во седење и неконтролирано внесување на храна. Се смета дека физичката активност може да го одложи појавувањето на дијабетес тип 2, посебно кај лицата со висок ризик, како што се надхранетите лица. Лицата што редовно се занимаваат со физичка активност имаат 40 % понизок ризик од кардио-васкуларна смрт во споредба со оние што се физички неактивни.

Физичката активност ве прави повесели, поздрави, движењето ги заштитува крвните садови, а физичката активност ги прави вашите клетки почувствителни на инсулин. Дејството на физичката активност врз нивото на шеќерот во крвта не е долготрајно, туку само за времето додека сте активни. Физичката активност го намалува стресот, го регулира крвниот притисок и ги намалува мастите во крвта.

Кои се добрите ефекти на физичката активност :

Подобра искористеност на шеќерот во крвта преку подобрена чувствителност на клетките кон инсулинот, губење на телесна тежина поради трошење на енергија, подобрување на мастите, намален ризик од заболувања на срцево садовиот систем, подобрување на состојбата на мускулите и зглобовите и подобра подвижност и подобар квалитет на живот и подобро расположение.

< врати се назад