јуни 5, 2025

,,Хуманоста живее”

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинската организација Куманово започна со распределба на хуманитарна помош, донирана од турската Црвена полумесечина обезбедена преку Црвен крст на Република Северна Македонија

Хуманитарната помош беше распределена во неколку основни училишта на територија на Општина Куманово: ООУ ,,11-ти Октомври’’, ООУ ,,Бајрам Шабани’’, подрачното основно училиште ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Пчиња, а воедно и во Општина Старо Нагоричане во с.Бајловце во подрачното основно училиште ,,Христијан Т.Карпош’’. Покрај основните училишта, Црвен крст Куманово донираше и во невладината хуманитарна организација ,,Мерхамет’’.

Акцијата за делење на помош ќе продолжи и во наредните денови, со цел да се опфатат што повеќе семејства.

< врати се назад