септември 3, 2025

Хуманост на дело – Донација на училишен прибор

Црвен крст Куманово донираше 5 училишни ранци со прибор за учениците во ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ во с. Пелинце и во с. Арбанашко.

Оваа донација беше овозможена со помош на членовите на ,,Black vipers squad”, кои со својата поддршка уште еднаш докажаа дека солидарноста и хуманоста се нивна водилка. Голема благодарност за нивниот придонес!

Воедно во изминатиот период се реализираше и собирна акција пред книжарница „Херби“ и книжарница ,,Ханибал”, каде граѓаните имаа можност да донираат. Благодарение на нивната дарежливост, во текот на оваа недела ќе бидат подготвени и доделени уште училишни прибори за деца од социјално ранливи семејства.

< врати се назад