август 29, 2024

Хуманитарно летно кино

Волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со Центар за интеркултурен дијалог Куманово, на ден 29.08.2024 година го организираа традиционалното хуманитарно летно кино.

Настанот се одвиваше во училишниот двор на ООУ „Вук Караџиќ“ Куманово, а целта на истиот покрај забава на граѓаните и убаво поминато време под ќебе од ѕвездено небо и вкусни закуски и пијалоци подготвени од нашите волонтери,се собираа и парични средства и училишен прибор, кои ќе бидат наменети за децата од социјално загрозени семејства, а филмот кој што се прикажуваше беше „Legally blonde “ прикладен за сите генерации.

< врати се назад