декември 29, 2023

Хуманитарна партнерска активност

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со партнер клуб при Општинска организација на Црвен крст Пробиштип во пресрет на Новогодишните празници оваа година ги израдуваа најмалите и најмилите дечиња. 
Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на ден 27.12.2023 година во околните рурални средини и училишта дистрибуираa новогодишни пакетчиња измамувајќи насмевки и радост на детските лица. Воедно на ден 28.12.2023 година во просториите на Црвен крст Куманово им беа поделени новогодишни пакетчиња на деца од социјално загрозени семејства. 
Преку оваа хуманитарна партнерска активност оваа година измамивме 62 насмевки кај најмалите.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад