април 27, 2024

Хуманитарна изложба на автомобили

На ден 27.04.2024 година (сабота) во рамките на програмата ЦКА-ПХВ  во склоп на проектот “Со цело срце за нечие подобро утре”, Црвен крст Куманово во соработка со Illegal hunters Kumanovo организираше културна манифестација – Изложба на автомобили. Собраните средства од овој настан ќе бидат наменети за нашата сограѓанка Јована Илиевска да го продолжи своето лекување. Изразуваме голема благодарност до сите кои што беа дел од овој настан и до сите кои што не посетија и дадоа придонес во одржување на овој проект. Голема благодарност до @bobaspacefingerfood што се погрижија за храна и пијалоци на овој настан, @vasilevskiphotography кој на учесниците им направи одлични фотографии . Голема благодарност и до нашите соработници од MK Bears кои што не посетија на настанот. 
Голема благодарност и до DJ 43’s за убавата атмосфера на настанот. 
Голема благодарност до Општина Куманово – Сектор за култура, ЈП Паркинг и СВР Куманово за нивната поддршка за овој настан успешно да се реализира.
Се гледаме во следна хумана мисија 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад