
Хуманитарна донација – ,,Топол леб, топло срце” по повод Неделата на борба против гладта
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во духот на одбележување на „Неделата на борба против гладта“, на ден 15.10.2025 година реализираше хуманитарна активност во соработка со „Жито Лукс“ Скопје.
Како општествено одговорна компанија, „Жито Лукс“ донираше 500 свежи лебови, со што ја покажа својата посветеност на солидарноста и поддршката кон ранливите категории. Лебовите беа предадени на ООЦК Куманово, со цел да бидат доставени таму каде што најмногу се потребни.
Волонтерите и вработените со внимание и посветеност ги доставија пакувањата до околу 250 домаќинства од нашата општина, внесувајќи радост, топлина и чувство на грижа кон најранливите.
Упатуваме искрена благодарност до „Жито Лукс“ за довербата, хуманоста и успешната соработка.











































