јануари 6, 2025

Хуманитарна акција по повод Бадник и Божик

Црвен крст на Република Северна Македонија– Општинска организација Куманово на ден 04.01.2025 година (сабота ) во маркет Тинекс и ТЦ Сума реализираше собирна акција по повод Бадник и Божик. Од собраните средства се изработија 15 прехранбено-хуманитарни пакети кои беа донирани на социјално- загрозени семејства. Голема благодарност до сите граѓани кои придонесоа во уште една хумана мисија, а воедно и до маркет Тинекс и ТЦ Сума кои уште еднаш не поддржаа во нашите активности.

< врати се назад