мај 11, 2025

Хуманитарен настан ,,Со шепите напред кон сигурен чекор’’

Во склоп на програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности) во рамките на проектот ,,Сигурен чекор’’ во соработка со Кинолошки клуб Кокери се одржа хуманитарна дружба со кучиња насловена ,,Со шепите напред кон сигурен чекор’’. На овој настан учество зедоа повеќе од 30 граѓани со нивните миленици.

Настанот се одвиваше на градскиот кеј во период од 12:00-15:00 часот. Воедно на настанот беа поставени штандови од спонзорите каде што секој еден присутен имаше можност да добие совети поврзани со нивните миленици или да купи лични изработки наменети за милениците и со тоа дополнително да даде хуманитарен придонес за одржливоста на проектот.

Инаку целта на проектот ,,Сигурен чекор’’ е едукација во заедницата за безбедноста во сообраќајот, а воедно и помош на наш сограѓанин кој има последици како резулат од сообраќајна незгода.

< врати се назад