мај 26, 2023
Грижа на стари лица во домашни услови
На почетокот на месец мај 2023 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово започна да ја спроведува услугата “Грижа на стари лица во домашни услови” која е финансирана и поддржана од Општина Куманово. Целта на проектот е обезбедување на грижа и помош во домашни услови од страна на професионални и обучени негователи и волонтери во Општина Куманово.
На истата се вклучени 2 негователи и 4 волонтери кои во текот на посетата се задолжени за мерење на крвниот притисок и шеќер во крвта, подготовка на топли напитоци, набавка на лекови од аптека, плаќање на сметки и набавка на намирници по нарачка на корисникот.