септември 6, 2023
Граѓанска крводарителска акција
На ден 06.09.2023 година Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина спроведе граѓанска крводарителска акција која се одржа во просториите на Занаетчиски Дом Куманово.
Акцијата траеше од 10 до 14 часот, а својата хуманост на дело ја покажаа 33 крводарители.