февруари 12, 2020
Едукативно предавање за превенција од корона вирусот
Црвен крст на Република Македонија– општинска организација Куманово на ден 12.02.2020 година од 11-12 часот одржа eдукативно предавање за превенција од корона вирусот за припадниците на АРМ.
Предавањето беше спроведено во касарната “Боро Менков” – Куманово, а предавач беше Д-р Јадранка Стаменковска- епидемиолог од Центарот за Јавно здравје Куманово, која преку презентација објасни што претставуба корона вирус, како се пренесува, кои се симптомите, како и мерки кои треба да се превземат да се превенира болеста. На истото присуствуваа 44 припадници од Армијата на Република Македонија.