март 11, 2020

Едукативно предавање за подигнување на свеста за заштита и превенција од срцево-садови заболувања

Со цел подигнување на свеста за заштита и превенција од срцево-садови заболувања, по повод неделата на борба против срцево-садови заболувања, Црвен крст на Република Македонија– општинска организација Куманово на ден 03.03.2020 година во 13 часот одржа eдукативно предавање во соработка со здружението на пензионери во Куманово.
Предавањето беше спроведено во просториите на здружението, а предавачи беа специјалист интернист кардиолог Д-р Нухи Јусуфи и Д-р Лејла Радончиќ- специјалист интернист. На истото присуствуваа 22 членови од Здружението на пензионери

.

< врати се назад