септември 15, 2026

Eдукативна активност по повод Светскиот ден на првата помош

📅На ден 11.09.2026 година, по повод Светскиот ден на првата помош, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово го одбележа денот на градскиот плоштад „Нова Југославија“ во Куманово, преку едукативна активност посветена на првата помош и миграциите, под мотото „Прва помош за сите, насекаде“.

🚓Активноста беше реализирана во соработка со СВР Куманово, при што беа едуцирани 40 случајни минувачи и учесници во сообраќајот. Преку показна вежба беа демонстрирани основни постапки за укажување прва помош при најчести повреди и итни состојби, со посебен акцент на предизвиците со кои можат да се соочат мигрантите, како дехидратација, хипотермија, смрзнатини и трауматски повреди.

⛑️🚨На граѓаните им беа поделени и едукативни брошури за прва помош и самопомош, со цел да се информираат за правилно постапување во итни ситуации.

📢Со активноста се придонесе кон подигнување на свеста за значењето на првата помош и важноста од навремена реакција, која може да спаси живот.

Tags: ,
< врати се назад