Дружење меѓу млади волонтери на ОО на ЦК Центар Скопје и ОО на ЦК Куманово
На ден 31.08.2019 година (сабота) Општинските организации на Црвен Крст Куманово и Црвен Крст Центар од Скопје реализираа заедничко дружење преку еднодневен излет. Домаќини на излетот беа младите волонтери и ПХВ промотори за 2019 год. од Куманово. Место на излетот беше меморијално – рекреативниот комплекс – споменик “Костурница”. Активностите ги реализираа дисеминаторите Фатрие Арифи, Југослав Спасиќ, Андриана Марковска и Луиза Мирчевска и 30 млади волонтери вклучени во овогодинешниот ПХВ Циклус (по 15 од двете општински организации), според претходно утврдена агенда: пречекување на гостите; вежби и игри за запознавање; енерџајзери; презентација на ПХВ активности – слаби и силни страни; размена на искуства и заклучоци за идната година; како и предлози и разменување на идеи за ПХВ недела на 25 септември. Младите волонтери заедно со ПХВ дисеминаторите по завршување на формалниот дел организирано прошетаа низ градот и на крајот имаа неформално дружење, закуска и освежување во локален ресторан, каде имаа можност да направат евалуација на дружењето и догаварање на заеднички идни дружења и активности