март 11, 2026

Донација по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам

⛑️Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, во соработка со Културно-хуманитарната организација „Мерхамет“ Куманово, донација од Турската полумесечина во периодот од 06.03.2026 до 08.03.2026 година подели 50 хуманитарни пакети на 📦социјално загрозени семејства од руралните средини.

🤝Нашите соработници уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност, придонесувајќи за подобрување на квалитетот на живот на социјално загрозените семејства и за поттикнување на хуманост и солидарност во заедницата.♥️

Tags: , , ,
< врати се назад