декември 30, 2025

Донација од „Draxlmaier“ – поддршка за семејства од социјален ризик

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово реализираше донација од компанијата „Draxlmaier“, во форма на прехранбени пакети и новогодишни пакетчиња .

Донацијата беше дистрибуирана до социјално загрозени семејства кои живеат во тешко достапни рурални средини и планински села, како и до социјално загрозени лица на подрачјето на Општина Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

Посебно, 30 прехранбени пакети беа доделени на здружение на слепи лица кои се во социјален ризик.

Новогодишните пакетчиња беа дистрибуирани и во подрачни училишта во рурални средини, со цел да се внесе празнична радост кај најмладите.

Активноста беше успешно реализирана од Тим за одговор при катастрофи при ООЦК Куманово, составен од 3 обучени членови, кои со голема посветеност и одговорност ја спроведоа целокупната дистрибуција.

Изразуваме искрена благодарност до „Draxlmaier“ за хуманоста и поддршката, како и до сите вклучени во реализацијата на оваа значајна активност.

< врати се назад