септември 15, 2025

Донација на училишен прибор

Општинската организација на Црвен крст Куманово реализираше активност за поддршка на учениците од ООУ „Кочо Рацин“ во с. Доброшане и с. Биљановце. Во рамки на оваа акција беа донирани вкупно 30 комплети училишен прибор за учениците од овие училишта.

Оваа донација има за цел да го поттикне образовниот процес и да придонесе кон подобри услови за учење. Секој ученик заслужува рамноправна можност за напредок, а оваа активност е поттик да се вложува во младите и нивниот развој.

Со ваквите иницијативи, Црвен крст Куманово ја потврдува својата посветеност кон создавање поддржувачка средина за учениците и градење иднина во која образованието ќе биде пристапно и инспиративно за сите.

Голема благодарност до сите граѓани кои несебично помогнаа преку нивните донации. Сите вие измамивте 30 детски насмевки.

< врати се назад