ноември 7, 2024

Дистрибуција на хуманитарни пакети на семејства од социјален ризик

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово по повод Неделата на борба против гладта која траеше од 16-22 октомври 2024 година, под мотото ,,ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“ спроведe кампања за помош на најранливите категории на граѓани. Во рамките на кампањата Општинска организација Куманово дистрибуираше 70 прехранбени пакети од собирни акции кои се спроведоа со поставување на пунктови за донација во ТЦ Сума и Тинекс маркет како и во ООУ,,Христијан Карпош“, OСТУ,,Наце Буѓони“, ООУ,,Кочо Рацин‘‘ и ООУ ,,Бајрам Шабани‘‘ Куманово.

Хуманитарните пакети беа поделени на социјално загрозени семејства од Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

< врати се назад