февруари 19, 2025

Дисеминациски работилници

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово на ден 19.02.2025 година одржа две дисеминациски работилници за ангажираните негователи за услугата „Помош и нега во домот“ и ангажираните асистенти за услугата „Лична асистенција“.

На работилниците присуствуваа вкупно 35 учесници, кои имаа можност да се запознаат со мисијата и принципите на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, амблемот, како и со работата на општинската организација Куманово

< врати се назад