август 9, 2024
Дисеминациска работилница
Црвен крст на Република Северна Македонија – Oпштинска организација Куманово на ден 09.08.2024 година одржа 1 дисеминациска работилница во просториите на Општинската организација за ангажираните негователи за услугата Помош и нега во домот.
На работилниците присуствуваа вкупно 17 учесници и истите имаа можност да се запознаат со мисијата и принципите на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, амблемот, како и за работата на општинската организација Куманово.