
март 4, 2026
Дисеминација за нови волонтери
На 03.03.2026 година, во просториите на Црвен крст Куманово се одржа дисеминациска сесија за 15 нови волонтери.
Преку кратка презентација и дискусија, учесниците се запознаа со историјата, принципите и програмите на Црвен крст на Република Северна Македонија – младинска работа, социјална помош, прва помош и делување при кризи.
Сесијата ја спроведе Ален Милковски, обучен едукатор, а волонтерите покажаа голем интерес и мотивација за активно вклучување во идните активности. ![]()
![]()
Настанот претставуваше важен чекор кон нивно активно и посветено волонтерско делување во заедницата



< врати се назад











































