март 17, 2026

Денот на Црвениот крст и Денот на крводарителството во Република Северна Македонија

По повод 17 Март – Денот на Црвениот крст и Денот на крводарителството во Република Северна Македонија, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово организираше свечен настан во просториите на Црвен крст Куманово, посветен на афирмација на доброволното крводарителство и оддавање признание на сите кои несебично придонесуваат во спасувањето човечки животи.

Во рамки на настанот беа промовирани три видеа со крводарители, преку кои се истакна значењето на крводарителството, под мотото: „Секој може да биде херој – дарувај крв“.

Како израз на благодарност за континуираната поддршка, беа доделени 22 благодарници на институции, компании и соработници за нивниот придонес во организирањето крводарителски акции.

Плакети за 50 дарувања на крв им беа доделени на Бошковски Сашо и Гоце Илиќ, додека плакети за 100 дарувања добија Стефановски Драган и Лазаревски Сашо. Дополнително, беа врачени признанија за 5, 10 и 25 дарувања на крв.

Со овој настан уште еднаш се потврди значењето на крводарителството како чин на највисока хуманост и солидарност.

< врати се назад