септември 17, 2022
Црвен крст Куманово учесник на Конвенцијата по прва помош
На ден 17.09.2022 (сабота) во Битола се одржа Конвенција по прва помош со што беше одбележан Светскиот ден на првата помош.
Од Општинската организација Куманово присуствуваа 7 волонтери, како и дел од стручната служба.
Настанот започна со дефиле до офицерскиот дом, а потоа на Широк Сокак имавме можност да проследиме симулациска вежба спроведена од страна на ООЦК Битола.
Во текот на симулациската вежба секоја општинска имаше поставено штанд каде што ја промовираше културата и традицијата на својата општина.