мај 12, 2022
12- ти мај- Интернационален ден на медицинската сестра
На ден 12.05.2022 година по повод Интернационалниот ден на Mедицинските сестри, волонтерите од Општинска организација Куманово во соработка со учениците од здравствена струка- медицинска сестра од Општинското средно техничко училиште “Наце Буѓони” Куманово ги посетија здравствените работници во Градската болница Куманово и им го честитаа празникот со убав гест. Преку мал подарок им изразија благодарност за нивниот труд и пожртвуваност кој што беше поистакнат во текот на пандемијата со Ковид 19.
Во ОСТУ “Наце Буѓони” се одржа свечен прием на медицинските сестри од сите одделенија од Општата болница Куманово кои се непосредни соработници во извршување на праксата на учениците. Меѓу нив беше поканет и ВД Секретарот на Црвен крст Куманово и притоа ни беше доделена благодарница за долгогодишна успешна соработка и поддршка во активностите на училиштето.