октомври 2, 2020
1-ви октомври- Меѓународен ден на старите лица
На денот на одбележувањето, на 1-ви октомври- Меѓународен ден на старите лица, Црвен крст на Република Северна Македонија -општинска организација Куманово и оваа година традиционално организираше активности со цел да се подигне јавната свест на населението за правата на овие лица, и нивната потреба за грижа и помош. Активноста започна со делење на информативни флаери за права на стари лица и здравствена и социјална заштита, делење на заштитни маски и средства за дезинфекција за старите лица на Градскиот плоштад. Во текот на денот волонтерите беа во посета на 16 стари осамени изнемоштени лица во нивните домови во рурални средини, при што беше поделена хуманитарна помош во прехранбено – хигиенски пакети.