
април 1, 2025
1 април – Ден на шегата
Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Куманово го одбележаа 1 април – Денот на шегата преку неформална дружба и маскенбал во просториите на Црвен крст. За најдобри маски кои претходно беа изгласани од волонтерите, беа доделени симболични подароци за првите три места.
Волонтерите имаа убава исполнета вечер со забава, дружење, игри и музика.
Неформалните дружби се клучни за зголемување на тимската работа, но и за запознавање и дружба помеѓу самите волонтери .

