септември 25, 2018

Освоено второ место на Државен натпревар по прва помош

Црвен крст на Р.Македонија – општинска организација Куманово со своја екипа по Прва помош учествуваше на 27-от по ред државен натпревар по Прва помош кој се одржа од 21-22 септември 2018 година во Кичево. Во исклучително силна конкуренција на 28 екипи од исто толку општински организации од Р.Македонија, нашата екипа од Црвен крст Куманово го освои високото 2 место. Овој резултат е најголемиот успех на општинската организација на Црвен крст Куманово на едно вакво големо натпреварување. Особено треба да се истакне амбициозниот и неуморнито дух на младите волонтери и членови на тимот (Сара Милковска – тим лидер, Виктор Атанасовски, Александра Начковиќ, Марта Стефановска, Давид Живковиќ и Дарко Андоновски), на чело со креаторот на тимот Филип Кузмановски воедно и парамедик кој успеа на најдобоар можен начин да им го пренесе сето свое знаење и искуство со една единствена цел, постигнување на ваков резултат и висок пласман. Општинската организација на Црвен крст Куманово во името на сите свои волонтери, членови, активисти и подржувачи Ви изразува голема благодарност пред се и над се, за она што успеавте да ги надминете сите предизвици, верувајќи во себе да го постигнете овој резултат, оставајќи блескав пример за сите млади од нашата заедница.

 

< врати се назад