јули 11, 2024

Заштита на населението од топлотен бран

На ден 11.07.2024 (четврток) беше спроведена активност за превенција и заштита на здравјето на граѓаните на град Куманово при топлотен бран. Поради високите температури нашите волонтери денеска излегоа на терен и поделиа ладни водички и флаери за топлотен бран дизајниреани од наша страна.

Вкупкно беа поделени 310 мали шишиња со вод. Целта на акцијата која е во план да продолжи и во текот на наредниот период е да се дадат препораки за ублажување и заштита на населението од топлотен бран, како да постапуваат при високи температури, и да им се укажува на последиците кои можат да влијаат на нивното здравје.

< врати се назад