јули 22, 2024
Вонредна крводарителска акција во АРСМ Куманово
На ден 22.07.2024 година (понеделник), Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со АРСМ – Куманово и Служба за Трансфузиона Медицина поради намалениот број на крвни единици во летниот период, организираше вонредна крводарителска акција.
Акцијата се спроведе во просториите на АРСМ – Куманово во период од 09:00 -13:00 часот и вкупно беа дарувани 22 крвни единици.