
април 15, 2025
Учество на планинарење
На ден 13.04.2025 година (недела) на покана од ,,SHKB-Kumanova” тројца наши волонтери зедоа учество во планинарска тура- Карадак (Липково). Патеката беше долга 11км и истата беше погодна и за планинари-почетници. Нашите волонтери денот го поминаа во прекрасна атмосфера, а на крајната точка од рутата имаа простор за одмор и дружба со планинарите проследена со музика.
Ваквите активности кои имаат спортски карактер во која учество земаат и наши волонтери, се навистина од голема полза за нивното физичко и ментално здравје, социјалното функционирање како и вмрежување со нови луѓе.



