СТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Црвениот крст на РМ е организиран на:

  • Државно ниво
  • Општинско ниво
  • На ниво на Град Скопје
  • Основно ниво

Раководна структура на Црвениот крст на РМ:

  • Собрание
  • Претседател
  • Потпретседател
  • Извршен одбор
  • Финансиска комисија

Највисоко раководно тело на Црвениот крст на РМ е Собранието на Црвениот крст на РМ кое брои вкупно 75 члена.

Собранието е составено од:

  • Избрани членови предложени од општинските организации на Црвениот крст.
  • Избрани членови предложени од Младите на Црвениот крст.
  • Претседателите на собранијата на општинските организации на Црвениот крст.
  • Мандатот на членовите во Собранието е 4 (четири) години со можност за повторен избор.
  • Извршниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РМ е орган на Собранието кој раководи со националното друштво помеѓу седниците на Собранието.Бројот на членовите на Извршниот одбор е 15.
  • Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 4 (четири) години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.
  • Членовите на Финансиската комисија се бираат од редот на членовите на Собранието на Црвениот крст на РМ, со мандат на членовите на Финансиската комисија од 4 (четири) години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.
  • Извршниот одбор формира постојани и / или времени советодавни тела.

Постојани советодавни тела се:

  • Комисија за развој и организационо-кадровски прашања;
  • Комисија за дисеминација.
  • Комисија за здравствено-превентивна дејност и крводарителство.
  • Комисија за социјално-хуманитарна дејност.
  • Комисија за подготвеност и дејствување при катастрофи.
  • Комисија за службата за барање.
  • Комисија за информирање и комуникации.
  • Комисија за маркетинг.
  • Комисија за статут и нормативни акти.
  • За извршување на секојдневната оперативна работа, Собранието формира Стручна служба, која ги врши стручните , материјално-финансиските и административно-техничките работи.
  • Со Стручната служба раководи Генерален секретар.
  • Членовите на Црвениот крст на РМ опфатени во подмладокот и младината се организираат во : Млади на Црвениот крст на Македонија.

 

< врати се назад