Прва Помош
ПРВАТА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТ!!!
НАУЧИ ПРВА ПОМОШ – СПАСИ ЖИВОТ
ТВОЕТО НЕЗНАЊЕ МОЖЕ ДА ЧИНИ ЖИВОТ
- Секој ден илјадници луѓе ги губат своите животи поради не соодветна и навремена пружена прва помош.
- Навремена реакција и соодветни мерки за укажување прва помош е витално кога се спасува човечки живот.
ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ МОЖЕ ДА ЧИНИ ЖИВОТ
Сите луѓе поседуваат способност да научат да дадат прва помош со цел да се зачува нечиј живот. Првата помош подразбира благовремено превземање на внимателни постапки, мерки и активности со цел да се зачува животот на повредениот, да се заштити од понатамошно повредување, да се намали болката и стравот и да се спречат можните компликации
ЦРВЕН КРСТ НА РСМ – ЛИДЕР ВО ЕДУКАЦИЈАТА ПО ПРВА ПОМОШ
Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на Република Северна Македонија бр.302/20) Црвениот крст на РСМ е единствена овластена организација за спроведување на курсеви по прва помош за кандидати за возачи.
Со цел да обезбедиме максимален квалитет од областа на прва помош постојано ја унапредуваме дејноста преку зајакнување на капацитетите на курсна настава, соработуваме со соодветни релевантни чинители и установи во земјава и надвор, ја акредитиравме едукацијата на предавачите и ја модернизираме опремата за изведување на наставата.
Се залагаме за постојано подобрување на квалитетот на програмите за прва помош, креирани согласно потребите на различни целни групи како деца на предшколска возраст, ученици од основните и средните училишта, кандидати за возачи на моторни возила, лица одговорни за безбедноста и здравјето на работното место, лица со посебни потреби, популација од руралните области итн.
Црвениот крст на Република Северна Македонија настојува првата помош да биде достапна за секого. Се стреми барем едно лице во секое семејство да има можност да ги научи вештините за укажување прва помош. Ние сме лидери во превенцијата, подготовката и одговор при различни животно загрозувачки ситуации и ги нудиме своите услуги на заедницата.
Редовни активности:
- Настава по прва помош за учениците од основни и средни училишта, кои ќе можат на своите соученици во случај на итност да им дадат прва помош.
- Организирање на државен натпревар по прва помош;
- Учество на екипата на Црвен крст на РМ на Европската конвенција за прва помош
- Одбележување на Светскиот ден на првата помош
- Одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи
- Едукација по прва помош за возачи на моторни возила
- Едукација по прва помош на работното место за кандидати од јавните и приватните претпријатија.
- Развој на настава по прва помош, адаптирана на потребите на специфични целни групи (деца од предшколска возраст, деца од основните и средните училишта, спортски клубови, граѓански здруженија, популација од руралните области, лица со посебни потреби итн.)
- Организирање на висококвалитетна едукација за волонтерскиот кадар на Црвен крст на Р. Македонија кој учествува во обуките и активностите од областа на првата помош
- Континуирано делување на полето на безбедност во сообраќајот преку градење на оперативни сојузи на локално и национално ниво со владините и невладините организации.
Ве советуваме и Вие да ги посетите некои од обуките за прва помош кои ги организира Црвениот крст на Република С. Македонија.
ОБУКИ ПО ПРВА ПОМОШ ЗА КАНДИДАТИ ЗА ВОЗАЧИ
Превземањето на навременни активности и применувањето на исправни и соодветни мерки за укажување на прва помош во случај на незгоди вклучувајќи ги и сообраќајните незгоди е значајно при спасувањето на човечки животи.
За да можете да му помогнете на повредениот важно е да првата помош ја укажете навремено и исправно. Неправилно укажаната прва помош може да доведе до загрозување на животот на повредениот.
Со посета на обуките кои Општинските организации на Црвен крст ги спроведуваат Вие ќе стекнете
- теоретско и практично знаење и вештини за укажување на прва помош. Обуката трае 8 часа, на крајот од истата е потребно да полагате испит и при успешно полагање добивате уверение за прва помош за возачи и прирачник за прва помош за возачи.
- Цена на курсот е 1500 денари.
ПРВА ПОМОШ ЗА РАБОТНИ ОРГАНИЗАЦИИ
Согласно Законот за Безбедност и здравје при работа секоја работна организација мора да обезбеди обука за прва помош за своите вработени.
Црвениот крст организира курсеви за работни организации и тоа:
- Напреден курс 1 (8часа) – Цена 1500,00 ден.
Како и курсна настава за управувачи на пловен објект (8 часа)- Цена 1.500,00 ден.
Прва помош за различни целни групи
Во зависност од интересот и потребите Црвениот крст на Р.С.М организира и специфични обуки за прва помош затоа Ве молиме обратете се до општинскаta организација на Црвен крст Куманово или побарајте повеќе информации на тел. 031/424-179.