февруари 21, 2024

Проценка на организациски капацитети на општински организации

Во период од 20-21.02.2024 година во Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово се оддржа работилница за проценка на организациски капацитети на општински организации (ПОКОО). Оваа дводневна работилница ја спроведе обучен тим во состав, фасилитатор Александра Ристовски и кофасилитатори Бесник Селими и Катерина Гиевска, а од општинската организација учество зема наш локален тим од 11 членови составен од Секретарот и вработени во стручната служба, членови на Раководниот одбор и волонтери и истата имаше за цел да ги процени капацитетите на општинската организација.
Алатката се спроведе по следните чекори – формирање на локални тимови за проценка, инструктивна средба со локални тимови, доставување на податоци за ООЦК, спроведување на работилница за проценка и подготовка на развоен план за наредната година. Оваа алатка е создена од МФЦК со универзални атрибути кои треба да се основа за работа на ООЦК од сите 192 Национални друштва. Оваа дводневна работилница се одвиваше во позитивна атмосфера преку размена на искуства и работа на конкретни области во кои треба да се развиеме.
Со имплементација на матрицата во нашите активности ќе дојдеме до постигнување и остварување на резултати кои ги зацртавме како приоритети на оваа работилница.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад